Турските медиуми често пишуваат за наводната нова љубовна романса на Емина Јаховиќ со турискиот милионер Садетин Саран.
Како се шпекулира, Емина се дружела и со поранешната сопруга на нејзиното ново момче, убавата Емек Кулур. Како што се зборува двете не биле најдобри другарки, но биле блиски, па често можеле да ги видат заедно на приватни прослави.
Инаку, крајот на бракот на Садет и неговата сопруга се случи претходната година, а беше проследен со скандал бидејќи Садетин ја обвинил поранешната сопруга дека поставила преслушкувач во домот.
За потсетување, Садетин пред неколку дена на својот Инстаграм сподели фотографија со Емина, а во описот на фотографијата напиша дека тоа е неговата ќерка.
фото: принтскрин/инстаграм