Радио Милева к'сметлија

Ранко – „Бубамара“ откри кој нему му носи среќа, а на скопјани почист воздух! (ФОТО)

Ранко – „Бубамара“ откри кој нему му носи среќа, а на скопјани почист воздух!  (ФОТО)

Сопственикот на познатаото скопско радио „Бубабамара“, Ранко Петровиќ, меѓудругото е голем љубител на природата, ама и на грижата за истата. Екологијата, загадувањето на земјата, водата и воздухот, чистата околина, на ранко му се приоритет.

Од друга страна на баце Ранко со години добро му оди и радиото и манифестацијта „Златна бубамара на популарноста“. некои велат, го сака среќата. И не дека нема вистина во тоа, ама пред се е во прашање работата, на која среќата само се надоврзува.

Сработеното кај баце Ранко се слуша на „Бубамара“ цела година, а еднаш годишно и се гледа на „Златна бубамара“! Ама што тоа прави за постојано да има к’смет и кој му носи среќа?

Епа, Ранко-„Бубамара“ реши да ја открие тајната. Кој друг може да ви донесе среќа, ако не оџачар! Така барем вели народното верување. Ако видиш оџачар, фати се за копче од кошулата, џемперот  или пантоланите и поскај желба, атаа ќе ти се исполни. Арно ама, ај најди оџачар во Скопје да те видам ако можеш?

Нив кај нас ги нема ниту за лек. Никој повеќе како да не сака да ја работи оваа професија, а и на неедуцираниот народ не му се даваат пари за чисти оџаци.

Затоа баце Ранко реши да направи две добра, па као не тие кај него, тој кај нив – кај скопските оџачари, кои, како што самиот вели, за жал ги има едвај 8 на повеќе од 50.000 скопски оџаци!

Ем да да си посака желба што би сакал да му се исполни, а тие да му донесат среќа, ем за да го потсети народот дека без оџачар, нема  чиста околина. Има само загаден воздух, поголема потрошувачка на дрва, јаглен, нафта… кој на што се грее и што е најстрашно, опасност од  пожар!

Зимата е на прагот, па затоа пред да ви прочури оџачето – повикајте оџачар и нема да згрешите. Патем, и субвенции од градот, а и гратис песна на радио „Бубамара“ може да добиете – баце Ранко чести. Ако не тој, еве поздрав од нас.

 

To top