Претходната сезона секоја работен ден имавме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“ на Сител телевизија.
Водителката Александра Илиева по успешна и работна сезона замина за заслужен одмор од каде не почасти со неколку фотографии.
Откако ги наполни батериите и завршија одморите, водителката повторно започнува со новите новинарски и водителски ангажмани.
Имено, започнува новата сезона на „Брза кујна“, а Александра и нејзиниот тим кој го сочинуваат Марк и Никола се враќаат на ТВ екраните.
Водителката сподели фотографии на својот Фејсбук и порача дека стартува новата сезона. Александра на фотографијата е насмеана, а се гледа дека одморот добро и годел, па се враќа со позитивна енергија и освежена.
Инаку, вчера(понеделник) гледачите на ТВ Сител имаа можност да ја гледаат првата есмија од чевтратата сезона на кулинарското шоу.
фото: фб/инстаграм