Наследничката на Анабела Атијас и Гаги Џогани, никако не може да се помири со фактот дека поранешното момче Слободан Радановиќ ја изневерил по крајот на првата сезона од шоуто „Задруга“, па поради тоа ја нарушила здраствената и психичка состојба.
Според пишувањата на српските медиуми таа трипати неделно пие лекови за смирување.
За тоа зборуваат и сегашните учесници во шоуто кои велат дека блогерката често го менува расположението. Имено, кога и да се зборува за пејачот или неговата поранешна сопруга, Кија Коцкар, Луна почнува да плаче и да биде хистерична.
-Веројатно не ги испила лековите. Да, таа има сериозна терапија тука и зема таблети да се смири. Секогаш кога ќе се споменат Слоба и Кија. Не знам како веќе не може да ги исфрли од главата и да продолжи со животот, коментира Станија Добројевиќ која е во „Задруга“.
Од друга страна, Луна има и проблеми со срцето, а во минатата сезона кога и се слоши беше констатирано дека има кадриоваскуларни проблеми.