Летото заврши и календарски настапи есента, но свадбената сезона се уште трае и така интензивно ќе продолжи и следниот месец.
Многумина вљубени годинава си кажаа „да“, а пак други беа во улога на кумови, старосвати, девери/ци…
Пејачката Каролина Гочева и нејзиниот сопруг Михаил Корубн пред неколку дена беа кумови на свадба кај водителката и новинар од „Антена 5“ радио Ана Шутиноска, која се омажи за стоматологот Гордан Лазаревски.
Свадбата била интимна забава за најблиските пријатели и родинини, а Каролина и Михаил покрај невестата и зетот, како кумови секако беа во центарот на веселбата и вниманието.
Каролина како вистинска холивудска дива блесна во црн комбинезон со впечатлива панделка во пределот на градите, дискретна шминка и накит и секако широка насмевка како најубав аксесоар.
Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an
Тета и Луце на свадба кај @shutinoska и Гоце ?♀️❤️ фото @stefan.rajhl
Со кумовите беше и внуката на Каролина Луција, а фотографијата со тетката и внуката се најде на профилот на популарната пејачка.
Инаку, Ана и Гордан се заедно околу една година, а се свршија во јануари кога тој ја побара за сопруга на семеен ручек.