Слобо Радовановиќ се разведе од Кија Коцкар заради Луна Ѓогани и сето она што се случуваше во реалното шоу „Задруга“. По завршувањето на шоуто во кое токму Кија победи, сите очекуваа дека Слоба или ќе се смири со сега бившата сопруга или ќе продолжи со Луна, арно ама се случи нешто трето: тој ги откачи и двете и се фати со нова девојка, црнката бањалучанка Тамара, ќерка на познат бизнисмен од Република Српска.
Викендов Слоба беше затечен токму таму, како се забавува со новата девојка, а медиумите веднаш тргнаа во потрага на потеклото на бањалучката убавица! И види чудо, излезе дка симпатичната бринета и пред Слоба имала „естрадно-љубовен минат труд“.
Имено, медумите веднаш открија дека Тамара Јанковиќ до скоро се забавувала со сегашното момче на познатата пејачка Селма Бајрами.
Тие двајца уживаат во заедничката љубов, а на неговиот Инстаграм профил можат да се најдат само фотографии со пејачката.
Но, медиумите и ја „вратија километражата назад“ на бањалучанката, па прочепкаа и по некои од приватните архиви на кои најдоа како изгледале З.А. ( сегашното момче на Селма) и Тамара Јанковиќ (актуелната девојка на Слоба) додека двајцата биле во врска.
Фото: Телеграф и Инстаграм принтскрин