На 79 годишна возраст, вчера (20.септември) во Истанбул почина турскиот актер и режисер Ферди Мертер или попознат како Хулси Ипликчи од хит серијата „Вљубениот ерген“.
Тој го играше дедото на Омер, а целата приказна се вртеше околу неговото наследство.
На социјалните мрежи актерската екипа од серијата се прости од својот колега дополнувајќи го последниот поздрав со фотографии од сцени од серијата.