Жељко Јоксимовиќ е одличен музичар, но не знае и не сака да го прави она што го умеат многумина мажи. Пејачот призна дека до пред неколку дена никогаш не земал алат во рацете.
-Прв пат завртив еден шраф во кујната. Јас тоа не сакам да го правам. Јас просто не дека не знам, но не сакам, има луѓе кои се занимаваат со тоа,вели Јоксимовиќ во емисијата „Магазин Ин“ и додава:
-Ги знаете оние мажи што завршуваат со работа околу три попладне, па доаѓаат дома го земаат шрафцигерот и гледаат саат време што треба да поправат. Јас не сум таков маж., завршува пејачот.