Не тајна дека најпознатата македонска ТВ водителка Лила Филиповска е во голема „љубов“ со Бојан „Боки 13“ Јовановски, (не)официјално „газда“ на ТВ1 и уште понекој медиум… Љубовта меѓу двете јавни фаци е пријателска и колегијална секако, зашто поинаква и не би можела да биде, а откако се отвори новата телевизија некако е се’ поинтезивна и поизразена. Велат, Лила и Боки се како… знаете веќе што!
Водителката ионака секојдневно ги бомбардира социјалните мрежи со фотографии, на кои воглавном рекламира разно-разни повеќе или помалку познати брендови.
Но на последната постирана фотографија, Лила и Боки 13 седат на маса во друштво на позната личност од соседството.
Претходно Лила како што е редот, објави неколку свои „сликички“ на кои најпрвин таа откри секвенци од својата дневна тура разубавување… Гола на креветчето за масажа, само со префрлено пешкирче преку половината…
…За подоцна да блесне дотерана во розова комбинација… А еве за кого вака Лила и се промени. „Жешки панталончиња“ за „топло добредојде“ на високиот гостин од соседна Србија.
Официјално, претседателот на српските либералдемократи вчера, (19 септември 2018) во Скопје присуствуваше на форумот на Либералната мрежа на Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН) по повод десетгодишнината од нејзиното формирање.
Неофицијално, Лила и Боки срдечно го дочекаа Чедомир Чеда Јовановиќ, па седнаа да се подружат на иста маса.
Дали муабетот остана само на „ширење братство-единство“ со нивниот либерал-демократ „брат“ од северниот сосед или „нешто повеќе од тоа“… остана мистерија?