Радио Милева има со кого, нема каде

Посака живот кучешки: Кој и го „злоупотреби“ најверниот четвороножен пријател на Весна Бејби? (ФОТО)

Посака живот кучешки: Кој и го „злоупотреби“ најверниот четвороножен пријател на Весна Бејби? (ФОТО)

Покрај тоа што е одлична актерка и  водителка, во слободно време и писателка, Весна Бејби Петрушевска е и предана и грижлива мајка, вредна домаќинка, но и голем љубител на домашни миленичиња.

Работните и домашните обврски, како и грижата околу децата едвај и дозволуваат да ги „пофаќа сите конци“, па откако ќе успее да ги „сложи сите работи“, вредната Бејби природно и логично е да посака да се одмори.

Арно ама, таман влезе во спалната соба да си легне, кога ја дочека неочекувана ситуација! Трите најверни четвороножни пријателчиња на Бејби, кучињата Буби, Уна и Хана се испружиле на нејзиниот, во случајов нај,нај, најверен четвороножен пријател – креветот!

„Кога ќе ми каже некој кучешки живот… Нема место за мене“ –  напиша актерката покрај фотографијата на која така распослани нејзините рунтави домашни миленичиња мирно спијат, па за Бејби, очигледно немаше место… Или поточно, имаше со кого, ама немаше каде… да легне!

To top