Песната „Деспасито“ беше една од најактулените и најпознатите песни во светот, а на „Јутуб“ беше еден од најгледаните спотови.
Пејачот Луис Фонси неодамна купи вила во Корал Гејблс на Флорида, а за овој дом издвои 4.950 000 долари.
Вилата е изградена во 1992 година, а има околу 800 квадратни метри. Во домот преовладуваат светлите бои, а дворот е вистински рај.
Пејачот сигурно ужива во оваа прекрасна идила за која искешира огромна сума.
Домот има седум спални соби и осум бањи.
Еве како изгледа луксузниот дом на пејачот.
фото:профимедиа