Кога станува збор за изгледот и убавината, жените посебно се негуваат и се грижат за својата линија. Менување фризури, „мејк уп“, модни комбинации се само дел од активностите за кои се грижат да изгледат убаво.
Македонската фолк пејачка Анета Мицевска- Молика која не само може да се пофали со добар глас, туку и со добар стас, пред ТВ екраните може да ја видиме во комибнации кои секогаш се прилагодени на нејзината фигура.
За разлика од многу нејзини колешки кои во прв план ги истакнуваат своите физички атрибути, Анета секогаш во прв план го истакнува својот глас.
Анета која е препознатлива по тоа што секогаш е средена и со уредена коса, овој пат направи промена.
Односно има шишки кои одлично и стојат.
Инаку, пејачката го зема апаратот место микрофонот во рака и се проба во улога на фотограф, а фановите и порачаа „за се те бива“.
фото: принтскрин/инстаграм