Марија Шерифовиќ е позната по тоа што секогаш е без влакна на јазикот и го кажува своето мислење.
Овој пат, пејачката на својот Инстаграм сподели емотивен статус, но не се знае на кого е посветен.
Шерифовиќ на својот Инстаграм сподели фотографија, а во описот напиша:
„Јас не сакам по вашиот пат, драги „мудраци“. Јас сакам да умрам со насмевка на лице во прегратки на личноста која ја барав цел живот и која ја најдов, покриена со делата во кои секогаш верував. Или така или посветена во борба за жива слика на сопствениот рај кој е возможен. Се остано е предавство и лага. Се останато е беден изговор за живот, напиша Марија.
Инаку, Шерифовиќ е единствена српска победничка на Евровизија и член на жирито на Ѕвездите на Гранд, а сега одлучи со фановите да сподели што и лежи на душата.
Фановите веднаш почнаа да ја бодрат пејачката.
фото: принтскрин/инстаграм