Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на фолк пејачката Цеца, цврсто почна да чекори кон своите планови на музичка кариера.
Откако ја објави својата прва песна „Совршен пар“, Анастасија се почесто добива ангажмани, а не ретко одговара на интервјуа и гостува по телевизии.
Неодамна имаше едно такво свое медиумско претставување на една телевизија, каде откри нешто повеќе за себе и музичките планви, па видеата од тоа гостување брзо се проширија на социјалните мрежи.
Пејачката Ана Бекута го сподели и и порача на Анастасија:
-Драга Анастасија емотивно ја пееш „Маните се људи“. Ти посакувам висини во кариерата, одлично почна со твојата прекрасна песна, и порача Ана Бекута.