Радио Милева

„Ја оставил додека била бремена“: Бившата девојка отрки детали за сопругот на Анабела Атијас

„Ја оставил додека била бремена“: Бившата девојка отрки детали за сопругот на Анабела Атијас

Пред некој ден српските медиуми пишуваа дека Анабела Атијас го пријавила својот сопруг Андреј Атијас за семејно насилство.

Парот заедно ја има ќерката Бланкица, а Андреј пред познатата пејачка беше со една девојка која тврди дека и направил дете и ја оставил.

Пред пола деценија настана скандал кога се дозна дека Андреј има дете од кратка романса со Јасмина Скендер. Се зборуваше дека ја изневерил со Анабела.

„Да бидем искрена, кога прв пат ги видов фотографиите со Анабела, ми се качи притисокот. Ме убедуваше дека Анабела е девојка на негов пријател кој не сакал да се фотографира. Ми се јави да ми каже дека со Анабела ќе дојде некој пријател од Белград и дека ќе излегуваат. Ми се јавуваше во текот на вечерта, така што му верував. За нивната врска дознав многу подоцна, изјави Јасмина во една прилика.

Исто така, српските медиуми шпекулираат дека Анабела одлучила да стави крај на бракот со Андреј и планира да се разведе.

To top