Македонската пејачка постојано живее на релација Србија – Белград, а освен на музички план може да ја видиме и во улога на актерка и водителка.
Тијана Дапчевиќ важи за една од подобрите пејачки во Македонија и во регионот.
Уште на 5 години се запишува во музичко училиште каде што почнала да свири клавир, а потоа вилиона, а подоцна се запишува и на балет, а во 1993 година првпат се сретнува и со микрофонот.
А не е ни чудно што Тијана е талентирана за музика бидејќи потекнува од музичко семејство.
Таа е позната по голем број хитови меѓу кои „Све је исто само њега нема“, „Земја мојух снова“, „Неќу“, „Ресет“.
Од своите почетоци, Тијана правеше промени кои беа добро прифатени.
Деновиве пејачката се потсети на далечната 2004 година, па разбуди спомени од тогашниот период.
На својот Инстаграм профил, Дапчевиќ сподели фтогорафија на која е исто така русокоса. Иако тука има 38 години, изгледа како преслатка девојка.
Денес, Дапчевиќ живее во Белград, но често доаѓа во Македонија поради нејзините ангжмани како пејачка и како водителка на својата емисија „Вечер со Тијана“.