Во рамки на европската турнеја која е по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“, тој ќе настапи во ВИП Арената Борис Трајковски во Скопје. Од сите земји во регионот, Скопје и Софија се единствените градови каде фановите ќе имаат шанса да го видат неверојатното шоу на светски познатиот музичар.
По минатиот албум „Strut“ кој беше одлично оценет, никој не очекуваше дека Кравиц во толку краток период ќе се појави со уште едно толку квалитетно дело, зашто „Raise Vibration“ е на ниво на неговите најдобри албуми досега, а последниот радиски хит “Low“ им е веќе добро познат на сите кои ги следат светските топ листи.
„American Woman“, „Are You Gonna Go My Way“, „Believe“, „Fly Away“, „Again“, „Let Love Rule“, „Chamber“… се дел од неговите најпознати хитови, кои заедно со промоцијата на новите песни Лени ќе ги изведе на концертот во Скопје, закажан на 3-ти мај, 2019 година во ВИП Арената Борист Трајковски.