Ова е приказна за момечето кое го остварило својот сон. Кристијално Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на светот, но неговиот пат до славата бил доста тежок.
Роден е пред 33 години во Португалија во сиромашно семејство на островот Медеира. Како дете доста го засакал фудбалот, кој бил неговото бегство од сиромаштијата и порокот.
Им завидувал на децата кои имаат телевизор, своја соба и разноврсна храна и со шест години одлучил дека кога ќе порасне ќе им помогне на своите да живеат подобро.
-Куќата им беше мала, што машината за перење беше на кровот. Секогаш зборуваше дека нивниот покрив има најдобар поглед на островот. Петгодишниот Кристијано го делел домот со мајка си Долорес, таткото Жозе, двете сестри, Елма и Катја и братот Хуго. Живееле во бротската населба Санто Антонио, главниот град на Мадеира. Мајката и таткото делеле иста спална соба, а четирите деца другата. Прозорот во спалната бил единствен извор на светлина во трошната куќичка, покрај онаа од неколкуте дупки во таванот, пишува во дел од возбудливата книга за славниот фудбалер.