Радио Милева

Ѓоле Ѓогани објавува документарец: „Ќе има сочни снимки, Анабела нека му ја мисли“! (ФОТО)

Ѓоле Ѓогани објавува документарец: „Ќе има сочни снимки, Анабела нека му ја мисли“! (ФОТО)

Популарниот танчар и рапер Ѓоле Ѓогани наскоро пред јавноста ќе го прикаже вистинското лице на својата бивша снаа, пејачката Анабела Атијас. Имено Ѓоле го привршува својот документарецот  во кој, како што вели ќе бидат прикажани многу “сочни” моменти од животот и кариерата во дуото „Фанки Џи“ на бившите сопружници – Анабела и неговиот брат Гаги.

„Тоа е документарно – игран филм, а јас сум сценарист и режисер. Имам многу добра приказна за Гаги и Анабела. Гаги нема причина да се плаши, додека Анабела нека му ја мисли“ – вели Ѓоле.

„Ги имам Гаги и Анабела зад сцена, ќе има тука се, и кавга и љубов. Анабела ќе се изненади“ – додал раперот кој открива дека во филмот ќе се најдат многу звезди со кои во текот на годините соработувал.

To top