Пејачката и победничка на Евровизија во 2007 година, Марија Шерифовиќ, се огласи на социјалните мреѓи и даде предлог за претставникот на Србија за евровизискиот музички натпревар.
Марија истакна дека пејачката Јелена Карлеуша треба да оди на Евросонг, но овој пат даде предлог од друг агол.
-Еј луѓе еве идеја! Ако веќе решивме да пратиме некого што е „суперстар“ во нашата земја, ајде тоа нека биде некој што е преталентиран и мој брат, напиша Марија на својот Инстаграм профил.
Марија смета дека идеален кандидат за претставник на Евровизија е Јована Мишковиќ со која ја има дуетската песна „Нисмо смели“.