Актерката Сали Филд во своите мемоари „Во делови“ кои треба да излезат наскоро одлучи да ја отвори душата и да прозбори за тешкиот период.
Таа во детали опишува како очувот Џок Махони сексулано ја злоупотребувал, а на 17 години имала таен абортус во Мексико. Во интервју кое го даде за „New York Times“ изјави како сите овие години молечела за искуства низ кои помина бидејќи не знаела дали нејзиниот глас има сила.
Неколку години подоцна, актерката и признала на својата мајка дека нејзиниот сопруг ја злоупотребувал на 14 години.хони
Сали во мемоарите опишува како очувот ја викал во соба за да бидат сами.
„Знаев што следи“, пишува актерката и признава дека тоа не се случило само еднаш туку неколку пати.
„Се чувствував чудно,некогаш како дете, некогаш како возрасна личност, но јас само сакав да бидам само дете“, вели Сали и се потсети како и признала на нејзината мајка во 2012 година.
Нејзината мајка се разведе од таткото на актерка во 1951 година, а една година подоцна се омажи за актерот Џок Махони.
Во својот живот, Сали доживеа уште една трагедија односно нејзниот абортус на 17 години.
Сепак, актерката успеа да ја пронајде среќата во љубовта.
Зад себе има два брака, првиот со Стивен Крего со кого има два сина.
Вторпат се омажи со Алан Грејсман, со кого има син Сема. Овој брак заврши во 1993 година.
фото: профимедиа