За музичарот Коки Јанков и неговото семејство, денес е голем ден.
Имено, Коки повторно му се враќа на угостителството и го отвора својот ресторан чие име е „Кригла“.
Таму на своите гости освен добрата музика произведена од звуците на „Тајфата“, Коки и неговиот персонал ќе понудат оригинална штипска пастрмајлија, скара, пити и домашни специјалитети за сите гурмани и љубители на убавиот амбиент, услуга и музика.
За овој голем чекор Коки се пофали на социјалните мрежи, а по неколкумесчни подготовки локалот веќе е готов за да почне со работа.
Дека е вистински мајстор со штипски корени покажа со тоа што објави неколку фотографии на кои држи пастрмајлија и пита, а за тоа доби бројни честитки за успешна работа од пријателите и следбениците на социјалните мрежи.
Остана перманентен во музиката, а веруваме дека овој пат така ќе биде и во угостителството.