Периодот на свадбени веселби се уште трае, а како гости на една таква убава веселба беа Перо Антиќ и неговата сопруга Ружица.
Годинава не ги одмина свадбената сезона, а кога се прави и присуствува на нешто за убаво, тогаш е вистински повод да се чувствуваме, но и изгледаме така.
Домашните медиуми досега неколкупати ги пофалија кога станува збор за изгледот кога се појавуваат на некои јавни или вакви приватни свечености, а и овој пат се разбира беа непогрешливи во изборот.
И двајцата се одлучија за безвременска црна варијанта, тој во црно, и таа во црно.
Двојка која едноставно тешко е да не ги собере погледите, особено кога тој е така маркантен и познат, а таа русокоса дама со која одлично се надополнуваат.
фото:инстаграм