Нашата популарна пејачка Елена Ристеска очигледно и летото ќе го заврши далеку од дома.
Имено, таа по враќањето од летниот одмор јужно на море, замина на многу далечна дестинација – Америка.
Таму е се уште заедно со пријатели, а на својот Инстаграм редовно објавува по некој нов момент од нејзините доживувања преку океанот.
Во големата земја, тешко да може да стигне да види многу, но очигледно се труди да прошета и да ги види сите позначајни знаменитости, познати места, да научи нешто ново… и секако да направи многу, многу фотографии за спомен.
Нејзиниот профил веќе е преполн, а деновиве постави неколку такви каде се шета низ улиците на Њуорк.
Уличната њујоршка мода е позната по тоа што се издвојува претежно по кежуал изгледот, а Елена горе-долу избра да носи такви парчиња облека, комбинирани со впечатливи детали.
Но, ваква мома Македонка, веднаш се издвојува од толпата.
Еве ги нејзините американски моменти: