Учесничката во реалното шоу „Задруга 2“, Луна Џогани во 2014 година го прослави своето полнолетство.
Луна својот 18ти роденден го прослави на еден белградски сплав во друштво на нејзините блиски пријатели, меѓу кои и Анастасија Ражантовиќ.
Девојките уживаа во лудата забава до раните утрински часови, а за тоа сведочат и неколку фотографии кои се направени во таа прилика.
Анастасија тогаш имаше 16 години, а со Луна Џогани и беа добри другарки и неразделни.
Сепак, нивното пријателство се заврши и двете најдобри другарки не се во контакт. На оваа тема неодамна прозбори и самата Цеца која истакна дека Луна ја гледала како свое дете и дека практично живеела во нејзиниот дом.
фото:Приватна архива