„Задругарката“ Мина Врбашки во неколку наврати изјави дека е среќно заљубена во Игор Терзиќ и дека како зафатена девојка влегува во новата сезона на реалното шоу „Задруга 2“.
За време на првата сезона на ова ријалити, Мина покажала дека природата е лесно „зљублива“ и најчесто се поведува по она што во моментот го чувствува, па така беше и овој пат.
Вчерашниот ден, Мина го помина поголемиот дел од своето време со Јовица Путњиковиќ, момчето со кое во текот на претходната ноќ го подели кревет.
Мина и Јовица одлучија да ја пропуштат роденденската забава која Големиот шеф му ја приреди на Давид Драгојевиќ, па наместо тоа, тие разменуваа нежности под јорганот.
А што да прави „кутрата“ Мина, кога никако не може си легне в кревет… сама.