Негогаш одличниот фудбалер, а денес успешен бизнисмен и предводник на фудбалески клуб во Мајами, Дејвид Бекам и во 43-тата година изгледа сјајно и се уште е мета за женски погледи.
Згодниот спортист е познат и по постојаните промени на фризурата, меѓутоа со текот на годините квалитетот на неговата коса опадна, можеби и од третманите, а можеби едноставно поради генетика и годините во кои е.
Во последните месеци странските медиуми се почесто пишуаат дека Дејвид отишол на трансплатација на коса за да изгледа погусто, но знаците дека му е опадната не може да ги сокрие.
На најновите фотографии од Мајами каде беше фотографиран покрај базен може да се види дека косата навистина му изгледа поретко, особено на темето.