Познатата британска пејачка Лили Ален признава дека спиела со сексуални работнички додека била на турнеја, по бурата во бракот со Сем Купер.
Тогаш наведе неколку причини зошто избрала да спие со жени, а не со мажи. Во своето интервју пејачката призна дека има нешто сензуално во тоа.
Таа на почетокот сакаше да ги објасни своите постапки и во повеќе наврати кажа дека не може точно да објасни зошто избрала жени.
-Бев мажена во тоа време, имав маж, кажа таа и додаде дека го изневерувала сопругот бидејќи сакала поинакво дружење.
Лили Ален беше во брак со бизинсменот пет години, а опиша дека во заедницата била доста осамена.
-Барав нешто. Барав излез. Тоа беше приказна од хотелска соба, кога сте осамени далеку од сопругот и децата, вели Лили.