Мегафон Кршачот на женските срца

Од срцев удар почина легендата на Холивуд – Берт Рејнолдс

Од срцев удар почина легендата на Холивуд – Берт Рејнолдс

Познатиот американски актер Берт Рејнолдс вчера  на 82 годишна возраст. Ѕвездата на серијалот „Gunsmoke“, „Smokey and the Bandit“ и „Boogie Nights“ починал во болница во Флорида, пренесува  „Дејли меил“, а неговата смрт ја потврдил агентот Тод Ајснер.

Познат како еден од опасните момци на американската филмска сцена, Рејнолдс ја започна кариерата на филмското платно во култниот филм „Deliverance”.

Го глумеше и полицискиот детектив Ден Огуст во истоимената серија, а во 1997 година беше номиниран за Оскар за најдобра споредна улога во „Boogie Nights“.

Пред три години ги шокираше сите со изјавата дека неговиот помлад колега Чарли Шин заслужил ХИВ.

Беше секс симбол и „кршач“ на женските срца и првиот маж кој гол се сликал за „Космополитен“.

 

 

To top