Радио Милева

По експлозијата на автомобилот , еве дали Душица Јаковљевиќ вечерва ќе ја води „Задруга“

По експлозијата на автомобилот , еве дали Душица Јаковљевиќ вечерва ќе ја води „Задруга“

Душица и нејзиното семејство на среќа поминаа добро по експлозијата на автомобилот, но водителката не порекнува дека се уште е вознемирена, додавајќи дека личноста која го подметнала експлозивот исклучиво имала намера нејзе да и нанесе зло.

-Ова беше напад врз мене, а не кон поранешниот сопственик на автомобилот, кој веќе со месеци не е во Белград. Тоа возило го купив за лични потреби, бидејќи постојано јас ги носам децата на училиште и имам големо семејство. Со никој не сум споделила каков автомобил возам, така да незнам како некој би можел да дозне од социјалните мрежи. Го купив од парите кои ги заработив изминатите 20 години, вели Душица за магазинот Глоси.

-Искрено, не се плашам од напад, се подготвувам за „Задруга“. Посветена сум на работата и го живеам животот нормално, вели водителката на шоуото кое треба да започне вечерва.

To top