Трибина „Народната носија од Скопска блатија и Скопска Црна Гора како дел од носиите од Горновардарска етнографска целина“ ќе се одржи денеска во Музејот на Македонија.
Од Здружението „Арти крафт“ кое ја организира трибината, информираат дека утре ќе се одржи етно-културната манифестација „Ревија на народни носии од скопскиот регион“.
Манифестацијата во соработка со Град Скопје и НУ Музеј на Македонија, ќе се организира во чест на 8 Септември, Денот на независноста на Македонија.
миа