Новата водителка на популарното шоу со хуманитарен карактер ТЛЗП, уште на почетокот од новата четврта сезона ги освои симпатиите на публиката.
Тијана Дапчевиќ е онаа за која навиваме и стискаме палци, а уште во втората епизода таа ја освои наградата од 1000 евра во улогата на Лејди Гага, пари кои ги донираше за Центарот за дечиња со посебни потреби во Скопје.
Новата епизода е во подготовки, а Тијана е целосно посветена на новата улога во која ќе се најде во недела на големата сцена пред жирито. Дапчевиќ редовно го полни својот профил на Инстаграм со интересни случи за време на маскирањето и дружбата со останатите учесници, а овој пат се фотографираше со водителката Нина Сеничар која ја засени со прекрасната шминка, фризура и модерната црна шапка.
Нина со многу малку шминка на себе падна во сенка покрај нашата Тијана која блесна во сиот свој сјај.
-Мила моја и најубава, напиша Тијана ласкав коментар за Нина, а пак ние сите пофалби за убавина ги имаме токму за неа.