Мегафон заршна конференција

„Трејн Брејн Софт“: Унапредување на вештините на приватното обезбедување

„Трејн Брејн Софт“: Унапредување на вештините на приватното обезбедување

Успешната реализација на проектот „Треин Бреин Софт – стандардизиран курикулум и електронска алатка за меки вештини за приватно обезбедување“, што беше спроведен во период од 25 месеци и за него беа одделени 11.380.000,00 денари, а претставува стратешко партнерство за приватно обезбедување од пет земји, беше презентирана денеска на завршната конференција.

Проектот е поддржан од програмата на Европската унија – „Еразмус плус“, „К2-стратешки партнерства-образование за возрасни“, реализиран преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и ужува поддршка од Министерството за внатрешни работи.

На денешната конференција беше претставена содржината на проектот, со посебен осврт на значењето на меките вештини за приватно обезбедување, професионалниот стрес кај приватното обезбедување, човековите права и слободи на приватното обезбедување, и комуникациските вештини во тој домен.

Воедно, беше претставена и содржината на модуларната тренинг програма за меки вештини и беше презентиран Прирачникот за меки вештини за приватно обезбедување, како и отворената онлајн мултимедијална тренинг алатка, што е достапна 24 часа и може да ја користи секој заинтересиран на ниво на ЕУ.

Верица Милеска Стефановска, претседателката на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување истакна дека е задоволна од професионализмот и соработката со партнерите од Норвешка, Словенија, Романија и Хрватска, со кого беше спроведуван проектот, посочувајќи дека истиот развива пет продукти.

– Проектот развива пет продукти: истражување за меки вештини за работниците за приватно обезбедување, курикулум за меки вештини, тренинг програма, прирачник и електронска алатка, а во рамките на проектот е предвидено да се спроведе непосредна обука за вршителите на приватното обезбедување со примена на развиените продукти, објасни Милеска Стефановска.

Таа посочи дека денешниот начин на живеење и темпо, како и безбедносните ризици пред кои сме исправени, мигрантската криза за која сме сведоци во изминатиот период, наметнува потреба од таков начина на унапредување на вештините на лицата кои работат во облата на приватното обезбедување.

– Ова беше само форма да се стигне до кадарот на приватно обезбедување, со цел да го прифати и полесно да го разбере делот на комуникациски вештини и професионален стрес, како и човековите права и основни слободи, потенцираше претседателката на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување.

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу посочи дека Министерството е насочено кон остварување на сите надлежности во однос на јавната безбедност, истакнувајќи дека, токму во тој сегмент, Комората ја смета за негов партнер.

–  Бидејќи заедно со Комората можеме да направиме повеќе за јавната безбедност, нагласи Нахиу, информирајќи дека Комората има целосна поддршка од Министерството.

To top