Мегафон успеси

Антонија Гиговска – вицешемпион на фестивалот „Златен елен“ во Романија

Антонија Гиговска – вицешемпион на фестивалот „Златен елен“ во  Романија

Антонија Гиговска  се врати од  Романија каде  на јубилејното 50. издание на популарниот романски фестивал  „Златен елен“ (Cerbul de aur), кој се одржува во градот Брешов, беше една од 18-те странски изведувачи.

Таа  на фестивалот го освои 2-рото место и симпатиите како на публиката, така и на жирито.

Талентираната македонска пејачка на сцената во Брешов се претстави со две песни – една романска и познатата „And I Am Telling You“ од култниот бродвејски мјузикл „Девојки од соништата“ (Dreamgirls), чија најпозната изведба е онаа од американската пејачка и актерка Џенифер Хадсон, а дел од изведбата токму на оваа моќна балада можете да видите во видеото подолу.

Она што најмногу го привлече вниманието на македонската јавност од овој настан е заедничката фотографија со светски познатата ѕвезда Никол Шерцингер. Имено, некогашната членка на „Пусикет долс“ беше една од главните ѕвезди во ревијалниот дел на фестивалот, па изгледа дека токму нашата Антонија ѝ  била фаворит.

„Ти благодарам за поддршката и прекрасните зборови“, напиша Гиговска споделувајќи ја заедничката фотографија со славната колешка која многу добро знае да препознае што е квалитет меѓудругото и заради нејзиното повеќегодишно искуство како ментор и судија во британскиот „Х фактор“, каде што до победа го доведе и фантастичниот Џејмс Артур. Се надеваме дека Никол неколку корисни совети ѝдала и на нашата Антонија.

To top