Радио Милева

Во бањарка посака добра ноќ од хотелската соба: Лила во кревет со презентерот на временска (фото)

Во бањарка посака добра ноќ од хотелската соба: Лила во кревет со презентерот на временска (фото)

Ако мислевте дека бидејќи се уште не е почната новата сезона на ултра пополарното телевизиско шоу „Се или нешто“, тогаш Лила одмара од работа – се лажете.

Таа е жена која не мирува, особено кога работата е во прашање. Како влијателна личност од шоу- бизнисот, Лила постојано има нови понуди и ангажмани, а бидејќи има изглед на кој може да и позавидат и многу помлади, не ретко добива понуди каде што треба да промовира здрав начин на живот, кој наедно е и нејзин личен стил и начин на живот и приватно.

Како вистински професионалец Лила никаде не оди сама, туку со неа секогаш се верините соработници кои се како нејзино семејство, како стилистот Владимир Трајковски и нејзиниот соработник и верен пријател Спасе Јовановски.

Имено, тие тргнаа во мисија да снимаат нова реклама, а од хотелот каде се сместија Лила откри неколку интересни моменти на својот Инстаграм профил. На нашата популарна водителка  многу повеќе и се допадна хотелската соба на Спасе, па и самата кажа дека не планира да ја напушти.

Веројатно така остана и кога падна ноќта и завршија обврските, па кога им посака добра ноќ на следбениците, во креветот беше и Спасе, веројатно уморен сакајќи да заспие на својот кревет.

Ама Лила очигледно му правеше друштво.

Бидејќи на фотографијата тој се гледа делумно, некои од фановите кои не ги проследија на кусите Инстаграм приказни, се запрашаа со кого е Лила во креветот.

Good night ???

A post shared by @ lilafilipovska on


Инаку, можеби Спасе ви стана попознат од накаде, а тоа е така бидејќи од пред извесно време го гледате и како презентер на временска прогноза на ТВ Сител.

A post shared by Spase Rolla (@srollajovanovski) on

A post shared by Spase Rolla (@srollajovanovski) on

To top