Александра Пријовиќ во јуни се омажи за посинокот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ. Нивната свадба важеше за една од најгламурозните во регионот.
Александра и Филип пред некое време објавија дека ќе станат родители на нивното прво дете, односно момче.
Пејачката и менаџерот моментално уживаат на Јамајка, каде што беа присутни на свадба.
Парот го искористи и времето за да ужива во овој крај, а Пријовиќ на социјалните мрежи објави прва фотографија со трудничкото стомаче.
„Преубава трудница“, „Најубава“, се само некои од коментарите.