Водителката на ријалити Душица Јаковљевиќ се опоравува од шокот кој го доживеа вчера утрото, а за српски Курир.рс вели дека се уште не е свесна што и се случило, но ќе се потруди да продолжи со нормален живот.
-Потресена сум.Никој не очекуваше такво нешто, но важно е дека сме живи и здрави. Апсолутно не се сомневам во никого, истрагата е во тек. Ќе се обидам да продолжам да живеам нормално како и до сега. Не сум исплашена за животот во таа смисла. Ќе видиме, ќе биде во ред. Се уште не сум свесна, вели водителката.
Потсетуваме, вчера наутро околу 9 часот експлодираше џипот кој го возеше познтата водителка на „Задруга“, но автомобилот не беше на нејзино име. Ккао што пишува српскиот портал неофицијално возилото припаѓало на Драган Милиќ, а во последните месеци го возеле Душица и нејзиното момче.
Душица преку прозорот ја видела експлозијата, а во тоа време обично со тецата излегува од дома.
фото:курир.рс