Еден од најпознатите турски актери Бурак Озчивит кој важи за еден од оние по кои жените „сечат вени“, инаку актер кој се прослави со улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман величествениот“ преку ноќ го смени својот имиџ. Имено, шармантниот Бурак ги скрати косата и мустаќите, па таквата фотографија ја постираше на Инстаграм.
Во прв момент неговите обожавателки не беа баш воодушевени, па самиот Бурак кој беше навикнат само на пофалби и комплименти се сочи со коментари од типот: Што си направил? Кај ти е косата? Но набргу, приказната се сврте и се’ си дојде на свое место, па така подмлдениот актер за кусо време насобра повеќе од 8000 лајкови и бројни позитивни коментари од воодушевените обожавателки кои од очај паднаа во екстаза и покрај тоа што Бали-бег во јуни годинава се ожени со две години помладата колешка, актерката Фахрије Евџен, со која се запознаа во 2013 година.