Естрадната двојка Северина и Игор Којиќ ќе се појават заедно во филмот „Претрага Личине“, кој жанровски е комедија со зомби.
Којиќ ова лето веќе ги снимија своите сцени, пренесува „24сата.хр“ и додека се знае дека Игор ќе има улога на зомби, улогата на Северина се уште е тајна.
Останатите улоги, според филмската страница ИМБД, ги играат: Сергеј Трифуновиќ, Бојан Навојец, Христина Поповиќ, Јадранка Матковиќ, Борис Шавија и други.