Актерот, модел и голем хуманист, Бариш Ардуч, нема време за приватен живот, особено во периодот кога го промовира новиот филм насловен „Време за среќа“.
Освен промотивната турнеја по градови, Бариш постојано е активен и со снимање реклами и фотосесии, а на последната е вистински господин совршен кој би го посакала секоја жена.
Оваа зимска фотосесија се најде во еден реномиран моден магазин, а тој позира во есенско-зимски парчиња гардероба кои веруваме дамите ќе ги погледнат со особено воодушевување.
Знаете каков е како актер, а еве го во улогата на модел: