Емилија Розман важи за една од најубавите Македонки. Мисица, манекенка, топ модел… Атрактивна, нежна, згодна, убава… е она што се гледа со голо око!
И кога е закопчана до грло и кога е разголена до гола кожа!
Она што се знае за неа е дека покрај убавината, македонската убавица ја краси и хуманоста. Имено, таа постапките на својот покоен татко Дамир, кој беше долгогодишен крводарител, на 26 јули годинава, при одблежувањето на 55 годишнината и сеќавањето на скопската катастрофа, на традиционалната крводарителска акција во организација на Црвениот крст на Македонија, доброволно даруваше крв… И тоа по 10-ти пат во животот!
Ама она што за неа малкумина го знаат, а некако логично се надоврзува на претходното, е дека Убавата Емилија е и домаќинско дете! И тоа ептен! Да посакаш да ти влезе в куќи! Снаа од соништата, неостварена желба на секоја свекрва! И за да не помислите дека претеруваме, еве го доказот… пардон, вистината на дело!
Имено, Емилија Розман како добро воспитано дете, домашните работи ги има во малиот прст. И не само оние за кои на Балканот се задолжени припадничките на понежниот пол. Манекенката и тоа како знае да сработи нешто на што и мажите би и позавиделе. Над се, ако покрај трудољубивоста и се додаде смисолот за естетика, добивате вредна снајка со изразени уметнички пориви!
Кој не верува нека ја погледне фотографијата на која Розманка качена на скала, весела и насмеана со ваљакот в рака, во розово ја кречи, односно бојадисува фасадата на зградата од својот дуќан за подароци.
Розе поза и тоа манекенско – молерска! Ем убаво, ем корисно, ем практично, ем фантастично… Емилија Розман, ти си навистина ќерко, татин син!