За осмото издание на фестивалот „Здраво млади“, организаторите најавуваат 12-часовен хепенинг со нова музика, добро друштво и добра храна. Меѓу најавените артисти се американските состави „Сигаретс афтер секс“ и „Вуден шипс“, српскиот бенд „Репетитор“, германците „Камера“, потоа „Бленк мас“ и „Флохајо“ од Англија, но и неколку македонски состави, театарска претстава и изложба на фотографии.
Целосната програма и редоследот на настапите е следен:
Кино Фросина
19:30 ЦРНИЛА РЕМИКС
Бина надвор
20:30 ПАЛИНДРОМ
21:45 РЕПЕТИТОР
23:15 CIGARETTES AFTER SEX
00:45 WOODEN SHJIPS
Бина Внатре
21:00 CAMERA
22:30 FLOHIO
00:15 BLANCK MASS
01:30 – 05:00 OGIE x PETR, DONPLAYA x BON PRASKIZA, DRUGGY
Бина Плато
19:00 DJ FITZ
Дансинг Сала
01:15 ERIC COPELAND
Инаку, билетите можат да се набават во претпродажба на билетарница на МКЦ и онлајн преку продажната мрежа на MkTickets. На денот на одржување на фестивалот, 1-ви септември, цената на билетите ќе биде поскапа од претпродажната.