Популарната пејачка Тања Савиќ веднаш откако се омажи и се реализира во улога на мајка се повелече од музичката сцена.
Меѓутоа, пејачката неодамна се врати и започна со своите настапи во Србија.
Тања беше гостинка и во неколку телевизии каде што искрено прозбори за својот приватен живот.
Пред неколку години таа во една емисија истакна дека невообичаено место на кое имала секс е авион, заедно со нејзиниот сопруг во бизнис класа.
Деновиве во емисијата „Гламур“ таа првпат прозбори за сексот со сопругот во авион.
„Не сум глупа, па нема да кажам баш такво нешто во јавност. Не го кажав туку – така. Јас бев испровоцирана во таа емисија.Не знам што точно се случи, не знам кој беше со мене и ме испровоцираа затоа го кажав тоа. Ете го кажав“, вели Тања.
https://www.youtube.com/watch?v=ccJAAqBX-i0