Радио Милева и тргна...

Ања Ветерова тргна во остварување на животниот сон во Бостон, па и дојде да вресне… од среќа (ФОТО)

Ања Ветерова тргна во остварување на животниот сон во Бостон, па и дојде да вресне… од среќа (ФОТО)

Младата македонска поп пејачка Ања Ветереова  тргна во остварување на животниот сон. Откако најпрвин за 19-иот роденден се почести себе си со новта апесна испеана и на македонски и на сроски „ми доаѓа да вреснам“,  „врескањето“ набрзина го замени со учење. Музичка едукација за младата грација.

Имено, уште зимоска таа најави дека од септември за минува за САД, на познатиот музички колеџ „Беркли“ и сега тоа го реализираше. Ања не стигна ниту да и се израдува на новата песна, авеќе мораше да ги спакува куферите и правец – Бостон, Масачусетс, САД.

А, оттаму и првите фотографии со кои младата македонска пејачка се пофали дека е и официјално студент на еден од најпрестижните музички храмови на знаењето во светот.

Сега само и останува амбицијата да ја истурка до крај, животниот сон да го оствари во целост… Па еден ден да вресне најгласно што може од радост и среќа!

На поклониците на нејзините песни и нејзините обожаватели, глеајќи ги фотографиите од последниот летен одмор на пејачката им остануваат само воздишки…

А некому, можеби и му доаѓа да вресне… по Ања!

За сите нив, мала утеха со македонската верзија на… „Ми доаѓа да вреснам“… на Ања!

 

To top