Познатиот актер Том Харди и неговата сопруга Шарлот Рајли, која е бремена, наскоро планираат да се отселат од Лондон.
Како што пренесуваат британските медиуми, познатиот пар во последно време е на мета на страсна обожавателка, која постојано ги вознемирува.
Токму поради таа причина, тие планираат да ја продадат куќата во Лондон, чија вредност се проценува на околу 3,5 милиони фунти.
Том Харди и неговата сопруга Шарлот донесоа одлука да се преселат надвор од градот, поточно во рурална средина, каде ќе можат мирно да ги одгледуваат своите деца и да водат живот без пречки.
40-годишниот славен актер Том Харди и неговата четири години помлада сопруга Шарлот, имаат двегодишно дете, а бидејќи наскоро очекуваат и второ, не сакаат да ризикуваат, па сметаат дека е најдобро да се отселат, тврдат британските медиуми.
Инаку, овој пар е познат по тоа што својата приватност успешно ја крие од очите на јавноста, па така Харди во една прилика изјави дека на секој кој ќе се обиде да го слика неговото дете ќе му ја уништи камерата.