Тања Савиќ полека се враќа на музичката сцена, а периодов е актуелна со многу настапи во регионот.
Така по еден нестап започнаа шпекулации дека пејачката е бремена, но таа ги демантираше овие вести истакнувајќи дека се здебелила.
Меѓутоа, Савиќ остана збунета на информацијата дека Пријовиќ е бремена.
„Навистина ли е бремена? Мислев дека медиумите измислиле. Убава вест, не и честитав, и честитам во оваа прилика, изјави Тања.
Инаку, Тања е во брак со Душан со кого има два сина, а неколку пати истакна дека би сакала да има и трето дете.