Поранешната ТВ водителка, а сегашна фитнес инструкторка, Снеже Велков како и секоја година на 28-ми август се враќа во својата родна Каменица, поводот е Денот на рударите, настан кој е најзначен во рударскиот крај на Македонија.
А тој голем настан не поминува без Снеже да биде домаќинка, односно водителка пред присутните.
За таа прилика таа избра да облече специјален стајлинг од кој изгледаше како грчка божица, а во описот на фотографијата напиша дека работата е нејзиното задоволство, особено за Денот на рударите во нејзината Каменица.
Како дополнување на описот напиша и дека наскоро се враќа на ТВ екраните.
Во едно интервју неодамна изјави дека се уште не одбила понуда да ТВ проект кој може да го прифати, но веројатно тоа се случи, па наскоро повторно ќе ја гледаме пред камерите.