Еден од најпопуларните фраери на денешницата, секако е турскиот актер Бурак Озчивит. Дамите најпрвин го засакаа од серијата „Величенствениот“ како Бали Бег, а подоцна и во серијата „Карасевда“.
И додека ширум светот воздивнуваат по маркантниот актер, на социјалните мрежи се појави фотографија која ги насмеа припадничките на понежниот пол.
Имено, Озчивот како помлад имал необична фризура, чупани веѓи и обетка на левото уво.
Веројатно тогаш било модерно, а она што повеќето го забележаа е дека Бурак сега изгледа многу, многу подобро и дека се разубавел премногу.