Ќерката на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, деновиве е актуелана во регионалните медиумите за тоа дека призна за новото момче, но не го откри неговиот идентитет.
Откако стана пејачка и ја објави првата песна „Совршен пар“ која наиде на одличен прием од публиката, Анастасија се повеќе го зголемува бројот на своите следбеници и обожаватели.
Таа е доста активен корисник на социјалните мрежи и речиси постојано објавува детали од своето секојдневие.
Овој пат на нејзиниот профил се најде ретро фотогрфија од кога таа е бебенце, а мама Цеца ја држи во рацете, додека пак Вељко е застанат до неа.
Објавата очекувано доби многу прегледи, бидејќи е невидена досега.