Сезоната на летните одмори е при самиот крај, иако за некои претстојниот месец септември е идеалното време за летен одмор.
Меѓу оние кои не преферираат годинава да летуваат во ек на сезоната, се српската пејачка Сека Алексиќ и нашата фолкерка Џесика Палашоска.
Имено, и двете пејачки моментално летуваат во истиот луксузен ресорот во Турција од каде постојано објавуваат нови фотографии.
Разликата е во тоа што на Сека се семејни, додека на нашата Палашоска провокативни.
Иако се на исто место, веројатно се сретнале, па можеби ќе направат и една заедничка фотка за спомен од лето 2018-то.